Претставници на ЕУ ќе допатуваат во Грција за да помогнат во справување со бегалците

Европската унија ќе испрати свои претставници на источните острови во Егејското Море и Пиреја за да им помогнат на грчките власти да се справат со огромниот прилив на бегалци и мигранти.
Овој договор бил направен за време на минатонеделниот состанок меѓу претставниците на Европската канцеларија за поддршка на азил (ЕКПА) и грчката влада во Атина.
Весникот „Катимерини“ дознава дека персонал на ЕКПА ќе биде испратен на грчките острови каде изминативе месеци пристигнуваат илјадници бегалци, главно од Сирија. Тие ќе помогнат за да се информираат бегалците за тоа како можат да аплицираат за азил.
Во Пиреја ќе бидат стационирани 15 европски претставници кои ќе им помогнат на грчките власти да преселат 14.000 бегалци од Грција во другите делови на ЕУ. Извршниот директор на ЕКПА Роберт Висер за „Катимерини“ изјави дека Грција, исто така, морала да стори повеќе за да се осигура дека бегалците се уредно регистрирани.
- Земјите-членки мора да го знаат идентитетот на секој кој влегува на нивна територија. Грција не е исклучок, истакна тој.
Според него, грчкиот систем за регистрирање и справување со бегалците и илегалните мигранти е под огромен притисок, и затоа Европа се обидува да се најдат начини за соработка со цел ефикасно да им се помогне на грчките власти.
Ново на Сител
-

Мистериозна бела пена во Вардар: Дрон и инспектори во потрага по загадувачот
-

Тема на денот со Марија Андоновска директорка на Институтот за јавно здравје
-

Комисија за заразни болести - по црвените инфекции може да се појави и жолтица во Гостивар
-

АХВ ја укина забраната, водата во Валандово е повторно безбедна за пиење
-

Пет години за спас на Охридскиот регион - УНЕСКО го одложи впишувањето на листата во опасност
-

Рокас: Се водат разговори зад затворени врати, но Македонија мора да го промени Уставот
-

Велковски уверува: Парите во вториот пензиски фонд се гарантирани и со Закон и со Устав
-

Мицкоски ја заокружи реконструкцијата - Зејнула избран за нов министер без ресор
