Претставничкиот дом на САД ги усвои даночните реформи на Трамп
Претставничкиот дом на американскиот Конгрес вечерва го усвои Предлог-законот за даночни реформи, предложен од претседателот на САД, Доналд Трамп.
Законот е усвоен со 227 гласови „за“ и 205 „против“. Против предложените реформи се изјаснија сите демократски конгресмени, како и 13 републиканци.
- Усвојувањето на овој закон е најважното нешто што можеме да го направиме за да обезбедиме економски раст и да им помогнеме на семејствата од средната класа, кои се соочуваат со финансиски проблеми, изјави претседателот на Претставничкиот дом, Пол Рајан.
Според него, со овие реформи едно просечно четиричлено американско семејство годишно ќе заштеди 1.182 долари.
Со реформите, корпоративниот данок се намалува од 35 на 20 проценти, а се предвидуваат и пониски даночни стапки за приходите на физичките лица.
Предлог-законот сега треба да биде одобрен и од Сенатот, каде републиканците имаат 52 сенатори или само еден повеќе од потребното мнозинство, поради што е незивесно неговото усвојување.
Републиканскиот сенатор Роб Џонсон веќе најави дека ќе гласа против реформите, а неизвесно е дали тие ќе бидет поддржани од уште најмлаку четворица републикански членови на Сенатот.
Според сенаторот Линдзи Грем, доколку Сенатот не го усвои законот, тоа „веројатно ќе биде крајот“ на Републиканската партија
Ново на Сител
-
30 дена притвор за обезбедувачот на Мицкоски осомничен за оддавање службена тајна
-
Таравари: Не планираме да излеземе од Владата
-
Нетанјаху се откажа од својот кандидат за нов шеф на Агенцијата за внатрешна безбедност
-
2.508 сообраќајни прекршоци во текот на продолжениот викенд
-
Фон дер Лајен: Ииаме се што ни е треба за да ги заштитиме нашите луѓе и просперитет
-
Москва: Не веруваме дека САД ќе го напуштат НАТО
-
Над 340.000 пензионери од денеска ќе добиваат повисоки пензии за 2500 денари
-
За седум дена санкционирани 116 непрописно паркирани виозила на територија на општина Центар