Претставено меѓународното жири на ИФФК „Браќа Манаки“

Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ на прес-конференција денеска го претстави и годинашното жири кое ги оценува кинематограферите на филмовите од главната компетиција за „Златна камера 300“.
Претседател на жирито е Пол Рене Ростад од Норвешка, а заедно со него годинава се Лука Коасин од Италија, Јани Петери Паси од Финска, македонскиот режисер Даријан Пејовски и Ерол Зубчевиќ од Босна и Херцеговина.
- Не е лесна работа да се оценат толку добри кинематографери, тоа е како да избираш помеѓу ремек-дела на Ван Гог или Рембрант, но за тоа имаме три критериуми по кои ќе се водиме при изборот. Најпрво го оценуваме фрејмот, потоа употребата на светлото и, се разбира, креативноста на кинематограферот, истакна Пол Рене, додавајќи дека е среќен и почестен што се наоѓа на фестивалот во Битола кој, според него, е најшармантниот филмски фестивал кој го посетил.
На прес-конференцијата во фестивалскиот прес-центар, уметничкиот директор на фестивалот Гена Теодосиевска на Лука Коасин му ја врачи наградата „Мала златна камера 300“ која Коасин ја освои минатата година на ИФФК „Браќа Манаки“.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Ерика Пирметс, експерт за дигитализација од Естонија
-

СДСМ го блокираше заемот од 260 милиони евра
-

Филипче: Власта води лицемерна политика
-

150 години од искрата што ја разбуди Македонија
-

Реакции и барање одговорност по протестот на албанските студенти
-

Поранешни судии, адвокат и нотар во трка за место во Судскиот совет
-

Депонијата во Радовиш гори петти ден, општината со препораки до граѓаните
-

Семејните лекари во Македонија се уште со ограничени ингеренции
