Претставен проектот „Градот низ детските очи“
Во Археолошкиот музеј на Македонија денеска беше претставена реализацијата на проектот „Градот низ детските очи“, поддржан од Министерството за труд и социјална политика.
Проектот веќе три години наназад сплотува и креативно ги поврзува сите деца на возраст од пет до шест години и нивните учителки од сите јавни детски градинки во Република Македонија. Главната цел на проектот е јакнење на чувството на припадност кон својата држава.
Во рамки на проектот, годинава децата од градинките учеа, твореа, креираа и набљудуваа се она што е поврзано со нивното родно место. Преку овие активности кај децата се поттикнува високо ниво на распознавање и именување на карактеристичните обележја на културата на својот град, неговата историја, институции, споменици...
На завршната манифестација беше претставена изложба на детски ликовни творби, а настапија и децата од градинката „Осми март“ од општина Кисела Вода, од објектот Пеперутка 1 и 2.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости