Претставен проектот „Анатомија на векот“ на уметникот Наневски во Прилеп
Видео проектот „Анатомија на векот“ од уметникот Гоце Наневски синоќа беше промовиран во киното „Мис Стон“ при Домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп.
Проектот е поддржан од Министерството за култура во годинашната програма за работа на Центарот за култура „Марко Цепенков“.
Авторот Наневски вели дека се обидува да ги лоцира состојбите и проблемите во општеството.
- „Анатомијата на векот“ е генерално длабоко ангажиран проект што го истражува човечкиот век на постоење. Го истражува феноменот на раѓањето на човекот низ различните профили на професионалци, ја истражува судбината на најранливата категорија граѓани – Ромите. Ја истражува легендата за вампирите преку еден социјално-политички ангажиран аспект. „Анатомија на векот“ е анализа на човечкиот живот во оваа локална средина која е длабоко испреплетена со политички и социјални проблеми. Сместено во една рамка се обидувам да ги лоцирам проблемите во општеството, изјави авторот Наневски.
Трите индивидуални видеа во проектот имаат концепциско-документарен
Наневски во оваа трилогија е социјално-политички ангажиран. Неговиот јазик не е буквален и директен, не е априорна реакција и критика на актуелното секојдневие, туку преку малите суштествени наративи со многу генерална конотација укажува на мошне клучни деформации на општествената свест.
Уметникот Гоце Наневски е роден во Скопје. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во класата на професор Васил Василев, а магистрирал вајарство. Од 2004 работи на Факултетот за ликовнио уметности како вонреден професор по предметите вајање, вајарски техники и цртање. На ФЛУ бил продекан за настава од 2012 до 2016 година. Наневски зад себе има бројни самостојни и групни изложби во земјава и странство.
Ново на Сител
-
Македонија води на полувреме против Словенија
-
Без струја утре делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров
-
Челси не сака да го задржи Санчо
-
Стани мастер на својот ум | Кристина Дескоски | Личен развој | Sitel Podcast 085
-
Обвинителството соопшти дека поради намален ризик од бегство Јахоски добил куќен притвор во случајот за набавка на мазут
-
Жена удрила 18-годишно девојче со автомобил, па избегала
-
БНД: Коронавирусот потекнува од лабораторија во Вухан
-
Приведен 74-годишен маж од Скопје, бил агресивен кон полицајци