Претставен поетскиот портрет на академик Радован Павловски
Творештвото на истакнатиот македонски поет, академик Радован Павловски е синоним и достоинство на македонското поетско пеење и стои рамо до рамо со најистакнатите поетски имиња во Европа и светот, истакна при претставувањето на неговиот портрет академик Луан Старова.
На синоќешното претставување во Куќата на Уранија во рамките на научната и уметничка визита, Старова оцени дека творештвото на Павловски е колку македонска, толку и европска и светска културна своина.
- Тој покажа како низ поезијата најубаво се брани својот мајчин, односно кодифицираниот литературен македонски јазик, јазик разбирлив, ослободен од идеолошки наслаги. Со својот јазик носи голема мисија со себе, нешто слично како италијанските автори со јазикот на Тоскана, основата на денешниот кодифициран италијански јазик, рече академик Старова.
Пред присутните акдемици, поети, културни работници, Павловски рече дека имагинацијата е оружје на слободата.
- Почнав да студирам право, ама хемијата и магијата на зборот доаѓаат и преку правото, во мојов случај – римското право. Потоа дипломиорав литература, не беше десетка, ама беше деветка, зашто на професорите им кажав дека „Дон Кихот“, може да биде напишан само во Шпанија, како што „Хамлет“ може да биде напишан во Англија, како што, во словенскиот свет, во Русија, може да биде напишан „Облоков“ на Кончаров, за сета облосовштина на нашиот свет. Секоја песна си има свој роден крај, јас во животот не сум бил ниту уредник, ниту член на жири, ама знам дека во мене и со мене живее житието на мојот народ, истакна Павловски.
Радован Павловски е застапен во најреномираните интернационални поетски енциклопедии. Неговите песни се објавуваат во сите европски поетски антологии, за него пишуваат блескави есеи врвните европски критичари. Добитник е на повеќе државни и меѓународни награди и признанија.
Ново на Сител
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници
-
Организациската директорка на Токсикологија тврди дека клиниката има потреба од 18-те спорни вработувања
-
Пуштен во употреба нов патен правец меѓу Албанија и Косово
-
Палевски спроведен пред судија на претходна постапка
-
Клисаровска: Дневната болница не е затворена, точно е дека пациенти на Онкологија чекаат со часови бидејќи немаме доволно персонал
-
Албанија ќе почне со производство на оружје и муниција
-
Албанската полиција почна контрола на целата територија и државната граница со беспилотни летала
-
Едно лице загина, повеќе се повредени на лет од Лондон кон Сингапур по големи турбуленции