Претставата „Животот е прекрасен“ ја воодушеви унгарската публика

Изведбата на претставата на „Животот е прекрасен“ на Македонскиот народен театар синоќа на четвртото издание на меѓународниот театарски фестивал „Митем“ во Будимпешта, предизвика бурен аплауз и овации кај унгарската публика.
Од МНТ информираат дека после средбата со публиката и критиката на тркалезната маса, претставата која е во режија на Александар Морфов, била оценета како висок естетски чин, а актерскиот ансамбл на МНТ бил истакнат за врвна актерската игра, во која секој актер својата улога ја креирал со измерени гестови до перфекција.
МНТ со оваа исклучителна претстава во режија на Александар Морфов, како што се посочува, беше во селективната програма во конкуренција на извонредни продукции од 11 земји, со најистакнатите уметници на театарот во Европа, врвни театарски куќи и претстави потпишани од светски познати режисерски имиња.
Во претставата играат Никола Ристановски, Николина Кујача, Биљана Драгичевиќ – Пројковска, Сашко Коцев, Тања Кочовска, Емил Рубен, Гораст Цветковски, Славиша Кајевски, Никола Ацески, Александар Ѓорѓиоски, Арна Шијак, Тина Трпкоска, Александар Микиќ, Никола Стефанов, Александар Михајловски, Кире Ѓоревски, Марија Новак, Драгана Левенска, Никола Кимовски, Марија Димитрова, Анастазиа Христовска...
МНТ годинава ќе биде дел од официјалната програма на МЕСС, а пота следуваат гостувања во Грац, Виена, Загреб, Белград, Подгорица, Хамбург, Берлин, Торонто.
По враќањето на екипата од Будимпешта во Скопје, следните изведби на претставата „Животот е прекрасен“ се на 23 и 24 април со почеток во 20 часот. Билетите се веќе пуштени во продажба на билетарницата во МНТ по цена од 300 денари, а на гледачите им овозможуваме билетите да ги купат преку online мрежата Купи карти за се.
Ново на Сител
-

Трамп менува 30 амбасадори - меѓу нив и Агелер
-

Бела куќа: Од јануари собрани „235 милијарди долари од царини“
-

Руски генерал загина во напад со автомобил-бомба во Москва
-

Рим ќе наплаќа влез за фонтаната Ди треви
-

Најстудено во Берово и Виница
-

Американец со потекло од Нигерија нападнал полицаец во Градски парк, носел пиштол и големо количество муниција
-

Седница на Советот на јавни обвинители, на дневен ред назначувањето вршител на должност на местото на Коцевски
-

Виткоф ги нарече мировните преговори за Украина „продуктивни и конструктивни“
