Претставата „Снежана и седумте џуџуња“ на сцената на Драмски театар

Во Драмски театар почнаа пробите за претставата „Снежана и седумте џуџиња“ во адаптација и драматизација на Александра Бошковска и во режија на Димче Николовски.
Актерската екипа ја сочинуваат Александра Павлова, Трајанка Илиева Велиќ, Златко Митревски, Александар Степанулески, Димитрија Доксевски, Мартин Минговски, Дритон Вејсели, Соња Стамболџиоска, Игор Георгиев, Благица Димитровска, Емилија Мицевска, Бобан Алексоски, Дарко Кабески и Марко Илиќ.
Премиерата на претставата се очекува да биде во втората половина на март.
Приказната за Снежана, нејзината лоша маќеа и седумте џуџиња, е веројатно првата покомплексна приказна со која се среќаваме како деца. Преку неа, влегуваме во чудесниот свет на фантастичното исполнет со волшебни суштества, бајковити предели и магии, но од друга страна за прв пат се соочуваме со животните појави како што се љубовта, смртта, зависта, љубомората, доброто и злото.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Денеска се одбележува Задушница, споменот на починатите
-

Нов пристап за стручни кадри во Штип
-

Обуки за спасители на вода
-

Левица бара интерпелација за министерот Панче Тошковски
-

Започна судењето за апелациониот судија Ѓоко Ристов, кај кого беа најдени 350.000 евра
-

СДСМ: Нема пари за референдум, а има за криминални тендери и нов авион?
-

Подготвени измените на законот за нефер трговија
