Претставата „Неверство“ во МОБ
На малата сцена на Македонската опера и балет вечер ќе биде изведена театарската претстава „Неверство“ од Харолд Пинтер, во режија на Влатко Павлески и продукција на Прима Данца.
Драмата е реализирана во 9 сцени кои речиси апсурдно се презентирани во обратен временски редослед.
Уникатниот пристап на реверзна временска хронологија на настаните, не принудува на пиесата да и притстапиме од мемориска страна и сите настани да ги гледаме од појдовна точка на сегашноста, без оглед на тоа дали низ времето се движиме напред или назад.
Трите лика во претставата се во романтичен триаголник. Овој љубовен триаголник на трагикомичен начин е во центарот на вниманието, од најсреќните до најмрачните моменти. Никој од ликовите нема никаква корист од тој магичен триаголник во кој се наоѓаат. Тие едноставно биле среќни само кога биле верни на самите себе. Кога влегле во триаголникот, патот на лаги и измами ги однел во неповрат.
Режисерот Влатко Павлески со неверојатна умешност вметнува танц кореографии на Пасо добле, Англиски валцер, Танго и Румба како израз на скриените емотивни состојби и потсвеста на ликовите.
Ново на Сител
-
Обука за медицински персонал од штипска физикална за третман на повредините во пожарот во Кочани
-
Преглед на вестите од светот
-
МВР истражува дали е подметнат пожарот во куќата на Пандов
-
Камбовски: Оставки не носат реформи во судството
-
Судиите бараат да бидат вклучени во законски измени на правосудството
-
СДСМ: Наместо решение за цените, добивме маркетиншки трикови
-
Нови авио линии, поголем број на туристи
-
Преглед на вестите од светот