Претставата „Хај Фај“ од Горан Стефановски утревечер пред кумановската публика
Во Кумановскиот театар утревечер ќе биде изведена претставата „Хај Фај“ од Горан Стефановски, во режија на Јани Бојаџи.
Во претставата играат Горан Илиќ како култниот лик на Борис и Здравко Стојмиров во улогата на Матеј, како и актерите од кумановскиот театар Кети Дончевска Илиќ, Сања Русеска, Антонио Димитриевски, Владо Дојчиноски и Љупчо Хаџи – Стојанов. Екипата и режисерот ја подготвувале преставата два месеци. Преставата ќе се игра на мала сцена,објасни режисерот Бојаџи, каде што нагласи се е оставено на актерските вештини и мајсторство.
Според Бојаџи, станува збор за драмски текст кој одбележала генерации, заради темата, бидејќи до појавувањето на „Хај Фај“ никој не пишувал на таков начин и за ваква тема.
- Хај Фај е една од оние универзални драми, кои се добро напишани и секоја драма која е добро напишана е за сите времиња, изјави режисерот Бојаџи.
Актерот Илиќ, пак, рече дека претсавата како да е извадена од потствеста, бидејќи на некој начин е семејна драма, оти во секоја куќа има јаз помеѓу генерации.
- Ми беше задоволство да работам со оваа прекрасна екипа, можам да кажам дека кумановски театар се враќа на добро познатите успешни патеки. Ова е само почеток на тие квалитетни претстави кои ќе се случуваат во Куманово, изјави Илиќ.
Актерката Кети Дончевска Илиќ истакна дека за театарот е убаво да ја негува сопствената драматургија.
- Текстот во секое време ќе биде актеуелен, публиката ќе може да се препознае себе си, некој близок, ситуација. Сметам дека кумановската публика ќе добие нов бисер на кумановската сцена, рече Дончевска-Илиќ.
Ново на Сител
-
Партиски обвинувања за Еразмус+
-
Предизборни превирања во ДУИ и ВРЕДИ
-
Најмалку два потписа за кандидатура на изборите – експертите предупредуваат на хаос со изборните листи
-
Утре почнува уписот на бруцоши на УКИМ: Како напредува процесот на дигитализација?
-
Вештачката интелигенција „ги изеде“ јуниорските работни места: Како сегашните и идните студенти да се подготват за новата реалност?
-
Инженери на Македонија со иницијатива до Уставен - дали паушалните сметки за струја се законски?
-
Над 50 работници од штипска конфекција останаа на улица
-
Во штипската касарна „Јане Сандански“ одбележан Денот на македонската армија