Македонија
29. September 2015 - 9:43

Претстава на македонски режисер ја отвори новата сезона на Младинскиот театар во Ереван

Новата театарска сезона 2015/2016 на Младинскиот државен театар од Ереван, Ерменија, во саботата беше отворена со претставата „Вдовицата се мажи“ од Чехов во адаптација и режија на македонскиот актер и режисер Младен Крстевски, кој присуствуваше на изведбата. 

Претставата премиерно беше изведена во јуни и учествуваше на годинашниот, 23. Меѓународен фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица.