-->
-->
Претседателството на ДПС го предложи Ѓукановиќ за претседател на Црна Гора
-->
Претседателот на Демократската партија на социјалистите на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, вчера е предложен за претседателски кандидат на партијата на претстојните избори, објави партијата на својот Твитер профил.
Подгорички „Вијести“ јави дека тоа било одлука од вчерашната седница на Претседателството на ДПС, а во тек е седницата на Главниот одбор на партија.
Претседателските избори се закажани за 19 март, а до 26 февруари треба сите кандидатури да се достават до Државната изборна комисија.
ДИК досега ги потврди кандидатурите на еден од лидерите на Демократскиот фронт, Андрија Мандиќ, и на пратеничката на Социјалдемократската партија, Драгиња Вуксановиќ Станковиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Петрова: Условот е европски
-

Тема на денот со Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и потпретседател на Собранието
-

Планот на Мерц пред лидерите на Западен Балкан во Тиват
-

СДСМ: Младите на референдум да одлучат за иднината
-

Гужвите на Богородица продолжуваат - Грција бара нови решенија
-

13 годишник загина возејќи електричен тротинет во Куманово - дали е потребна построга регулатива?
-

Вештачката интелигенција, помош или опасност за младите
-

Владата викендот ќе одлучува дали ќе продолжат мерките за горивата
