Македонија
22. March 2019 - 16:12

Претседателските кандидати на жрепка добија бројче за изборите

Единица за Река, два за Силјановска, тројка за Пендаровски. Со жрепка во ДИК определен изгледот на гласачкото ливче за претседателските избори на 21 април.

Претставниците на претседателските кандидати најавија европска кампања и изразија надеж дека изборниот процес ќе мине во фер и демократска атмосфера

Од денеска за претседателските кандидати стартува и забраната за медиумска промоција се до стартот на предизборната кампања на 1 април. Од ДИК апелираат на почитување на законските прописи

За прв пат на овие претседателски избори наместо три како досега, ДИК ќе направи пет пресеци на излезеноста во текот на изборниот ден. Новина е и обврската на членовите на избирачките одбори да го фотографираат извештајот од гласањето веднаш штом ќе го потпишат и да го испратат во централата на ДИК во Скопје за да се спречи можноста бројките да се бришат и менуваат на нивниот пат до локалната изборна комисија.

Со оглед на распоредот на силите, извесно е дека новиот претседател ќе биде избран во вториот изборен круг. За да го добие клучот од вила Водно потребно ќе биде на гласање да излезат најмалку 40% од вкупниот број на запишани избирачи.