Македонија
24. January 2019 - 16:10

Претседателски избори: СДСМ и ДУИ се уште без договор за консензуален претседателски кандидат

Министерот за внатрешни работи одби да одговори дали се гледа себе си како идниот консензуален кандидат на СДМС и ДУИ за претседателските избори

Спасовски вели дека деталите ќе бидат познати по седницата на партискиот центарлен одбор закажана за во петок.
Покрај Спасовски во владејачките кругови се вртат и имињата на Шеќеринска, Димитров, Пендаровски и уште неколку етнички Албанци.

Опозицискиот блок својата одлука ќе ја носи на 16 февруари во Струга за кога е закажана партиската конвенција. На неа, своето место веќе го визираше долгогодишниот пратеник Влатко Ѓорчев. Тој денеска доби поддршка и од неговиот колега Антонио Милошоски.

Но поранешниот премиер и долгогодишен генерален секретар на партијата вели дека не треба да се носат заклучоци пред да заврши струшкиот собир.

Покрај Ѓорчев поддршката од партиската конвенција ќе ја бара уште еден кандидат чие име не и е познато на јавноста, а извори на Сител во ВМРО-ДПМНЕ велат дека очекуваат, до рокот кој истекува на крајот од месецов во партиската архива да пристигнат и други кандидатури.

За претседателската трка размислува и Солза Грчева од вонпарламентарната Глас за Македонија. Во изјава за Сител, Грчева вели дека конечната одлука ќе зависи и од тоа кои ќе бидат другите кандидати.
Самостоен настап на изборите најави и владејачката ЛДП, а се очекува и кандидат на партиите од албанскиот опозициски блок.