Претседателот Пендаровски во посета на Брисел, очекува потврда за датум за преговори
Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска престојува во во работна посета на Брисел. Ова ќе биде прва негова посета на Брисел, откако стапи на функцијата.
Шефот на државата ќе има одвоени билатерални средби со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск и со заменик-претседателот на Европската комисија и висок претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини.
За време на работната посета на Брисел ќе се обрати на трибина организирана од „Пријателите на Европа“, водечка тинк тенк организација која ги поврзува луѓето, ја стимулира дебатата и предизвикува промени за да создаде повеќе инклузивна, одржлива и прогресивна Европа. Тој ќе говори на тема „Северна Македонија и нејзината потрага за евроатлантска интеграција“.
Тој очекува дека на средбите во Брисел ќе добие целосна потврда оти Северна Македонија ќе добие датум за почеток на преговори. Во интервјуто за Дојче веле, објавено вчера вели дека за време на средбите во Брисел, со високи претставници на ЕУ и НАТО ќе им укаже дека земјава ќе ги исполнила својот дел од обврските.
-Посетата носи симболична порака и е со прецизна агенда и намера да им укажеме на сите со кои ќе имаме средби, особено на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, дека Република Северна Македонија го исполни во целост својот дел од обврските. Јасно да пренесеме како ние гледаме на севкупната констелација на политичко-безбедносните аспекти и предизвици кои постојат на Западниот Балкан. Овде, првенствено мислам на аргументот дека сме единствена земја во регионот во која опозицијата е во Парламентот, единствена во која функционираат сите институции, единствена која нема ниту едно отворено прашање со соседите, нагласува тој во интервјуто за Дојче веле, кое го пренесува МИА.
Додава дека не треба да се заборави и дека во регионот сè уште постојат одредени политички структури и поединци кои заговараат концепти за решавање на преостанатите проблеми, кои се не само анахронизам во 21-от век, туку претставуваат и потенцијална опасност за регионалната стабилност и безбедност.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова: „Галичка свадба“ ја отсликува македонската народна традиција и култура
-
Мицкоски: Автопатот кон Охрид со години беше симбол на застој- сега ќе биде симбол на успех и одговорна работа
-
Убиецот ги поканил роднините на гости, инсистирал да присуствува и детето - Расчистено е тројното убиство
-
Мицкоски присуствуваше на епископската хиротонија на архимандритот Георгиј
-
Американски доктори бараат хлорокинот и ивермектинот да се купуваат без рецепт
-
Скопјанец баран со меѓународна потерница издадена од Австрија уапсен во Тирана
-
Претреси во Пробиштип и пробиштипско, пронајдена дрога и други предмети
-
Германската полиција заплени дрога со улична вредност од 20 милиони евра