-->
-->
Претседателот Пендаровски во официјална посета на Република Австрија
-->
Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски денеска ќе престојува во официјална посета на Република Австрија, каде пред палатата Хофбург ќе биде пречекан од сојузниот претседател Александер Ван дер Белен.
Пендаровски, како што најавуваат од неговиот кабинет, ќе оствари билатерални средби со сојузната канцеларка Бригит Биерлејн и со претседателот на Националниот совет на Сојузното собрание на Република Австрија Волфганг Соботка.
Во рамки на посетата, Пендаровски ќе одржи и предавање на Дипломатската академија во Виена на тема „Преспанската спогодба – Нетипично решавање на спор на Балканот“.
За време на официјалната посета на Република Австрија, претседателот Пендаровски ќе биде придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Две жртви и еден повреден во сообраќајката на експресниот пат Штип-Кочани
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк