Претседателот Пендаровски се сретна со генералниот секретар на Црвениот крст
Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација на Црвениот крст на Република Северна Македонија, предводена од генералниот секретар, Саит Саити.
На средбaта, како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, биле претставени тековните активности на Црвениот крст, вклучувајќи ја актуелната кампања „Твоето незнаење чини живот“, која се однесува на давање прва помош при сообраќајни несреќи и со која ќе бидат опфатени околу 8.000 возачи низ целата држава.
Претседателот Пендаровски го истакна исклучителното значење на работата на Црвениот крст, како организација која е посветена на заштита на животот и здравјето на луѓето, особено во случај на несреќи и катастрофи.
Генералниот секретар Саити го запознал претседателот Пендаровски и со активностите на Црвениот крст на Република Северна Македонија за одбележување на 75-годишнината од неговото постоење во 2020 година.
Ново на Сител
-
Опозицијата планира коалиции – власта сака да ја намали разликата
-
ВМРО-ДПМНЕ побара поголема излезност на изборите за да се спречат црни сценарија
-
СДСМ: Нема откажување
-
Преглед на вести од светот
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија