Претседателот Пендаровски прими делегација на Комората на медијатори

Претседателот на државата Стево Пендаровски, денеска прими делегација на Комората на медијатори на Република Македонија, предводена од претседателот Славе Младеновски.
Како што соопштуваат од кабинетот на претседателот, на средбата Младеновски го информирал претседателот Пендаровски за конкретните активности на Комората и на медијаторите, кои, посочил, се вистинско место за заштита на интересите на граѓаните.
– Комората постои две години, а Македонија е на прво место во регионот по бројот на спорови решени во доверлива и економична постапка. Поголем број спорови решени по пат на медијација, носат економичност, ефикасност и брзина во решавање на споровите, заштеда во буџетот на граѓаните и на државата и намалување на степенот на конфликтност во општеството, стои во соопштението
Претседателот Пендаровски ја нагласил важноста на медијаторите како носители на демократско право за пристап до правдата надвор од судовите, притоа обезбедувајќи примена на начелото на владеење на правото и еднаков пристап до правда за сите и почитување на европските стандарди во примената на медијацијата во државата.
Ново на Сител
-

Тема на денот со проф. д-р Димитар Трајанов, раководител на проектот „Везилка“, прва национална фабрика за ВИ
-

Поевтинуваат горивата, Мицкоски бара маркетите веднаш да ги намалат цените на основните производи
-

Размена на ресори можна опција во владината реконструкција
-

Гаши утре на средба со бугарската колешка Доцова во Софија
-

Амандманска расправа за законите за судска и јавнообвинителска служба
-

Сите осомничени за криминалот во ФФМ се обезбедени
-

Нема решение за 50-те лица кои останаа без договори за работа на Детска клиника
-

Партиите со меѓусебни обвинувања – Кој ги брка младите од државата?
