Претседателот Пендаровски ги прими словачкиот амбасадор Маркуш и македонскиот книжевен преведувач и библиограф Лекоски
Македонија високо ја цени силната заложба и конкретната поддршка од Словачка во однос на нашите евроатлантски интеграции, а интегрираниот и безбеден регион е еден од основните предуслови за стабилна и просперитетна Европа, истакна денеска претседателот Стево Пендаровски на средбата со словачкиот амбасадор Хенрик Маркуш и Стојан Лекоски книжевен преведувач и библиограф кој 15 години живее и работи во Словачка.
Во март годинава Лекоски беше одликуван со Медал за заслуги за Македонија, за исклучителен придонес за афирмацијата и за популаризацијата на современиот македонски јазик, литература и култура во Република Словачка, како и за унапредување на пријателските односи меѓу Република Македонија и Република Словачка.
На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави и беше констатирано дека развојот на соработката бележи континуиран позитивен тренд во сите области од заемен интерес, што пак е потврда за силните политички, историски и културни врски меѓу Македонија и Словачка.
Соговорниците ја нагласија важноста од негувањето на културно-духовната врска меѓу двете држави, бидејќи размената на овие вредности е клучна во натамошното градење на заемната почит поддршка и разбирање.
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава