-->
-->
Претседателот на Зимбабве поднесе оставка
-->

Претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе поднесе оставка, соопшти претседателот на Парламентот Џекоб Муденда.
Парламентарците кои расправаа за неговиот импичмент, почнаа да слават кога спикерот соопшти дека 93-годишниот лидер поднел оставка.
Муденда ја запре расправата за импичмент, соопштувајќи дека добил писмо од Мугабе, во кое соопштува дека се повлекува од функцијата. Во писмото било наведено дека оставката веднаш стапува во сила.
Мугабе претходно одби да поднесе оставка и покрај минатонеделните настани, кога војската ја презеде власта.
Тој беше на власт од прогласувањето на независноста на Зимбабве во 1980 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Модуларната болница во Штип, подготвена за прием на пациенти од „Мој термин“
-

Синдикална кошница: декември поскап од ноември, најмногу пари одат за храна
-

Гостите од соседството најбројни
-

Експертска оценка на економијата 2025 - пораст на вработеноста и континуиран раст на просечната плата
-

Преглед на вестите од светот
-

EСМ бара прогласување на кризна состојба на пазарот со струја
-

Прилеп традиционално го одбележа својот патрон празник Свети Никола
-

Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
