Претседателот на Венецуела ги зголеми платите во земјата за 30 отсто

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро нареди денеска, на Меѓународниот ден на трудот, зголемување на минималната плата за 30 отсто, обидувајќи се на тој начин да ги намали последиците од високата инфлација и економската стагнација во земјата.
Минималната плата во Венецуела претходно е зголемена на 1 март и тоа за 25 отсто.
Со новото зголемување, кое стапува во сила денеска, минималната заработувачка е зголемена на 15.051 боливари, што е 1.500 долари по официјалниот курс, но само 50 долари по црниот курс, според кој главно се одредуваат цените на стоките во Венецуела.
Земјата се наоѓа во длабока економска криза и главно зависи од извозот на нафта. Минатата година економијата во Венецуела забележала негативен раст од 5,7 отсто, а дошло и до недостиг на основните производи и значајно зголемување на цените.
Ново на Сител
-

Обвинителките Ленче Ристовска и Анита Тополова-Исајловска поднесоа кандидатури за републички јавен обвинител
-

Две иницијативи стигнаа до Уставен за оспорување на проектот „Безбеден град’
-

Две монтажни гаражи со 500 нови паркинг места добива Клиничкиот центар – Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Блокирани сите гранични премини
-

Тензично стартуваше денешното рочиште за пожарот во кочанската дискотека
-

Превозниците ги блокираат граничните премини, бараат промена на правилата за влез во ЕУ
-

Проширувањето на ЕУ ќе биде високо на агендата на кипарското претседавање
