Македонија
31. October 2018 - 16:10

Претседателот на УМС на ВМРО - ДПМНЕ поднесе оставка, свикан Извршниот комитет на партијата

Претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ си поднесе оставка.

„Покрај тоа што моменталното раководство имаше скоро цела една година да излезе со една сеопфатна стратегија за одговарање на горливите прашања, тоа не само што не се случи, туку и ништо не навестува дека ќе дојде до промена на курсот. Додатно, гледаме дека има континуирано влошување на односите со клучните меѓународни фактори, кои што сакале ние да признаеме или не, имаат огромно влијание врз политичкиот живот во нашата држава и во поширокиот балкански регион. Ова е очигледно од се појасното дистанцирање на нашата партија од најмоќното политичко семејство на континентот – Европската Народна Партија – каде што лежат нашите вредности и интереси, уште од самото основање на ВМРО-ДПМНЕ.“ – напиша Лука Кржалоски на социјалните мрежи.

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска нема официјален став за оставката на Кржалоски. Партиски извори за Сител велат дека тој ќе се гради на вечершната седница на Извршниот комитет на партијата. Неофицијално, се очекува неговата и оставката на Рангелова од вчера да бидат прифатени и да се почне процедура за избори на нови претседатели.

Според истиот извор, вечерва Извршниот комитет треба да ја официјализира и одлуката дека пратнеикот од Штип, Никола Мицевски ќе биде новиот координатор на пратнеичката група на ВМРО-ДПМНЕ кој повторно ќе функционира како една целина.