Претседателот на Стопанската комора Азески на Копаоник бизнис форум
Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески ќе учествува на 24. Копаоник бизнис форум, што се одржува од денеска до 9 март.
Азески ќе зборува на третиот панел, на тема „Реформска програма на регионалните инвестиции: еден регион едно стопанство“.
Според организаторите, на Форумот се најавени најмногу учесници досега, околу 1.000. Претставници на компании од банкарството, осигурувањето, тровијата, туризмот, енергетиката, земјоделството, фармацевтската индустрија, високи државни функционери и влијателни бизнис лидери ќе ја разгледуваат програмата за реформи, не само во Србија, туку и во регионот.
Присутни ќе бидат и амбасадори, дипломати, претставници од меѓународи финансиски инвестиции, економски аналитичари, теоретичари, меѓународни експерти, како и претставници од медиумите.
Во рамки на Форумот чија тема годинава е „Програма за реформи во Србија: Што може да се научи од минатото и кои се решенијата за иднината“, планирани се 20 панел дискусии, три пленарни сесии, четири специјални случувања и две панел презентации.
Програмскиот одбор предвидува расправи во три области: Интелигентна инвестиција како нова агилност на Владата во полето на фискалната консолидација, Програма за реализација на реформи: Развој на инфраструктура, реструктуирање на јавниот сектор и обмислен пораст, како и Одржлив и инклузивен развој: Перспектива на индустриските политики.
Ново на Сител
-
Делумното затемнување на Сонцето видливо од поголемиот дел од Европа
-
На аеродромот во Вашингтон избегнат судир на патнички и воен авион
-
Бенон: Трамп може да оди во затвор доколку во Белата куќа влезе демократски претседател
-
Вардар славеше во Битола
-
Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар се искачи на 1.644, повредени се 3.408 луѓе
-
Ѓоковиќ: Многу сум благодарен што Меси дојде на мојот меч со семејството
-
Тешко повредена 21-годишна работничка во Кочани
-
Кралот Чарлс Трети упати сочувство до народот на Мјанмар поради жртвите во земјотресот