Претседателот на Гана прв во светот прими вакцина од програмата Ковакс
Претседателот на Гана, Нана Акуфо-Адо денеска се вакцинираше против коронавирусот, со што стана првата личност во светот што ја прими вакцината против Ковид-19 од програмата Ковакс.
Ковакс е глобална иницијатива за помош на сиромашните земји во снабдувањето со вакцината, заеднички покрената од Светската здравствена организација (СЗО) и Сојузот за вакцини (ГАВИ), со цел неразвиените земји и земјите во транзиција да можат да добијат вакцини, бидејќи тие немаат доволно можности да потпишат договори за набавка со производителите.
Акуфо-Адо, 76-годишен претседател на западноафриканската држава, во која минатата среда пристигна првото доставување вакцини од програмата Ковакс, ја прими првата доза на вакцината „АстраЗенека“.
– Многу е важно да дадам пример и да покажам дека оваа вакцина е безбедна, така што секој во Гана може да одлучи да се вакцинира без страв, рече шефот на државата.
Ковакс склучи договори со производителите за две милијарди дози во 2021 година и можност за купување уште милијарда дози, а на располагање е финансиски механизам за помош од таа програма за 92 земји со ниски и средни приходи.
Ново на Сител
-
Бугарските социјалисти го поддржаа Румен Радев за втор претседателски мандат
-
Општина Центар: Една година успешна работа на културно-социјалниот простор Јадро
-
Блаже од Кавадарци е момчето кое доби бубрег од Верица Белчовска
-
Стружaнецот кој бил отруен од поранешната сопруга бил пејачот Даниел Кајмакоски
-
Убедлива предност за Романките пред реваншот во Скопје
-
Казна за гостиварецот кој оштети сообраќаен знак со четирицикл
-
Мицевски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствува на 36-тата седница
-
Приведен 23-годишен Битолчанец, откако кај него бил пронајден нож