-->
-->
Претседателот на Боливија изгубен во џунгла еден час
-->

Претседателот на Боливија, Ево Моралес, беше изгубен во џунгла околу еден час додека ги придружуваше пожарникарите кои се борат со пожари.
-Имав мала авантура минатата вечер. Бев изгубен околу еден час, но благодарение на војниците, го најдов патот за назад – изјави со насмевка Моралес пред новинарите минатата ноќ.
Телевизијата Уно објави кратко аматерско видео во кое Моралес среде ноќ повторува „Каде сте? Каде сте?“
Претседателот се изгуби во шума недалеку од селото Каваљо Муерто, на истокот на земјата.
Моралес рече дека има 342 пожари во областа, двојно повеќе од претходниот ден.
Пожарите од мај уништија 1,2 милиони хектари шума во Боливија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Продолжува акцијата за чистење на Скопје на повеќе од 50 локации
-

Трамп: На „нашиот“ Гренланд се подготвува обемно истражување на нафта, гас и минерали
-

Денеска се слави Покровот на Пресвета Богородица
-

Најмалку шест жртви во ноќешните руски напади врз Украина
-

Папата Лав има рак на белите дробови
-

Продолжуваат судирите меѓу демонстрантите и полицијата во Тирана
-

Променливо облачно со засилен ветер кој на места ќе надминува 60 км/h
-

Мерц побара Иран да престане да го дестабилизира Блискиот Исток
