-->
-->
Претседателот Мугабе прогласи состојба на катастрофа во Зимбабве
-->
Претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе, прогласи состојба на катастрофа во руралните подрачја на земјата зафатени од долготрајната суша, јави белградскиот весник „Блиц“.
Во соопштението, што доцна синоќа го објави кабинетот на претседателот на Зимбабве, се напоменува дека 26 отсто од популацијата има потреба од итна помош во храна.
Прогласувањето на состојба на катастрофа ќе овозможи меѓународните донатори брзо да соберат пари и обезбедат помош во храна за Зимбабве.
Владата во Хараре најави дека годинава ќе увезе 700.000 тони житарици за да се избегне глад во земјата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Алберт Муслиу, политички аналитичар
-
Препорака до осигурителните компании - утре да ги вратат старите цени на полисите
-
За прв пат формирано национално студентско тело: Што во пракса ќе им овозможи на македонските студенти?
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест