Претседателот Иванов во посета на Азербејџан

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска и утре престојува во работна посета на Баку, Република Азербејџан, по повод учеството на 5. Глобален Баку форум, во организација на меѓународниот центар „Низами Ганџави“.
Како што соопшти кабинетот на Претседателот, шефот на државата ќе се обрати на претседателската сесија на форумот на тема „Иднината на меѓународните односи: моќ и интереси“.
За време на работната посета, предвидено е претседателот Иванов да оствари билатерална средба со претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев, како и повеќе билатерални средби со учесниците на форумот.
На глобалниот форум ќе учествуваат над 100 актуелни и поранешни претседатели, премиери и министри, дипломати, голем број истакнати личности од општествениот и политичкиот живот, универзитетски професори, како и претставници на Програмата за млади лидери на Глобалниот форум.
Меѓу останатите теми на дискусија на овогодинешнот форум се: иднината на Европа, улогата на Кина во меѓународните односи, односите меѓу Русија и Западот, предизвиците во справување со модерниот тероризам, дали екстремизмот и популизмот се најголема закана за безбедноста, иднината на трансатлантските односи, Алијанса меѓу Западот и муслиманските држави, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-

Директорот на средното уметничко тврди дека ученикот испрскал пепер спреј, а не солзавец
-

Во Македонија нема адреналински пенкала кои спасуваат животи од тешки алергиски реакции
-

Прв „Нефро-Самит“ во Скопје во организација на Клиниката за нефрологија
-

Се поизвесно покачување на водата во Прилеп за 29,3% - Водовод должи 40 милиони денари
-

Преглед на вестите од светот
-

Швајцарскиот премиер за надворешни работи во Скопје
-

Врнежите ги подобрија условите за есенската сеидба во Овче Поле
-

Преглед на вестите од светот
