Претседателот Иванов: Одлуката на МНР за протерување на рускиот дипломат е избрзана
Претседателот Ѓорѓе Иванов смета дека одлуката на Министерството за надворешни работи (МНР) за протерување на рускиот дипломат е избрзана.
„Република Македонија, како земја кандидат за членство во Европската унија, ја следи политиката на ЕУ, и нивните одлуки донесени по пат на консензус и на ниво на ЕУ.
Со оглед на тоа дека одлуките за протерување на руски дипломати не претставуваат израз на усогласени ставови на сите земји-членки на ЕУ, туку се работи за индивидуални одлуки на поедини земји-членки, Претседателот на Република Македонија смета дека одлуката на македонското МНР е избрзана.
Претседателот на Република Македонија повикува на воздржаност од избрзани чекори во надворешната политика, за да се спречи можното нанесување на штета во остварувањето на стратешките цели на Република Македонија.
Претседателот на Република Македонија, согласно позитивната законска регулатива, очекува да биде официјално информиран за посочените факти во јавноста, поврзани со овој случај“ - стои во соопштението испратено од Кабинетот на Претседателот Иванов
Ново на Сител
-

Идните наставници со зелена мисија
-

Спортските настани магнет за туристите
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

СДСМ го одржува 32. Конгрес
-

ВМРО-ДПМНЕ: ЕУ не фали - Филипче бара уставни измени
-

ЕФА ја изгласа резолуцијата на МАЕИ со која се бара албанските власти да ги спроведат правата на македонски јазик
-

Охридскиот аеродром се отовора кон Полска
-

Со едно скенирање до проверка на лиценца: Државата воведува нов дигитален систем
