Претседателот Иванов на Економски форум во Полска
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, од утре ќе престојува во работна посета на Република Полска, по повод учеството на 25. Економски форум, што ќе се одржи во Круница – Здруј.
Како што соопшти кабинетот на престедателот, во рамки на форумот, Иванов ќе се обрати на сесијата насловена „Кон флексибилна Европа: Стратегии за иднината“, и на Форумот на млади лидери на сесијата „Лидери на утрешнината – Какви лидери ѝ се потребни на Европа во 21 век“. Во фокусот на годинешниот форум е економската и политичката ситуација во Европа и во светот, енергетската безбедност и иновациите.
За време на посетата предвидено е претседателот Иванов да оствари средба со претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда.
Економскиот форум, кој оваа година се одржува по 25. пат, претставува најголема и најреномирана конференција во Централна и Источна Европа со фокус на економијата и политиката во овој дел од континентот. Целта на оваа иницијатива е да се создаде поволна клима за развој на политичката и економската соработка во Европа.
Во македонската делегација предводена од претседателот Иванов е и министерот без ресор, Фуркан Чако, кој пред полските бизнисмени ќе ги презентира поволностите и можностите за инвестирање во РепубликаМакедонија.
Ново на Сител
-
Симулациска вежба за вонредни состојби ќе се одржи утре и задутре на Меѓународниот Аеродром Скопје
-
Тројца Бугари прогласени за виновни во суд во Лондон за шпионирање во корист на Русија
-
Семејството на Фросина: Таа не е жртва на родово насилство, зошто протест од местото каде загина
-
Две лицa загинаа во сooбраќајна несреќа на експресниот пат Кочани - Штип
-
Советот на јавни обвинители избра 31 нов јавен обвинител
-
Две лица палеле кабли и сува трева во скопски Карпош
-
Мицкоски: Фактурата за 60 авионски билети за посетата на Унгарија е 2,6 а не 12 милиони денари
-
Трошоците на живот во февруари зголемени за 5 проценти, а цените на мало за 4,2 проценти на годишно ниво