Претседателот Иванов ја посети Александриската библиотека
Со посетата на Библиотеката во Александрија, град кој е главно египетско пристаниште на Средоземното Море, претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ја заврши официјалната посета на Египет, јави известувачот на МИА.
Иванов се сретна со директорот на Александриската библиотека Исмаил Серагелдин и се запиша во Книгата на впечатоци.
Александриската библиотека била најголема и најпозната во античкиот свет. Во 3 век п.н.е ја основал Птоломеј Први Сотер, била центар на древната наука и уметност. Имала неколку десетици илјади дела напишани на околу 600.000 свитоци папирус на сите тогаш познати јазици. Низ историјата била уништувана од разни освојувачи, а денес се наоѓа во модерен објект.
Шефот на државата претходните два дена престојуваше во престолнината Каиро каде што имаше средба со египетскиот претседател Абдел Фатах Ал Сиси, а вчера се обрати на бизнис-форум на кој беа презентирани можностите за инвестирање во Македонија.
Ново на Сител
-
На новогодишната ноќ стабилно, суво и студено време
-
Приведен криминалец од Грчец баран со потерница
-
ЈСП Скопје: Неделен возен ред на 1 јануари, билетарниците ќе бидат затворени, жичарницата ќе работи од 11 до 17 часот
-
Дојран се полни за новогодишните и божиќните празници
-
За една недела санкционирани 142 непрописно паркирани возила во Општина Центар
-
Таравари: Има буџет за 1.117 нови вработувања и 600 приватни специјализанти, конкурсите од стартот на новата година
-
АХВ: Контроли во месарниците, уништени 620 килограми небезбедно месо
-
Предложени притворски и други мерки за осомничените за криумчарење луксузни автомобили