Претседателот Иванов ги посети припадниците на АРМ во „Еребино“

Претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили Ѓорге Иванов денеска ќе ги посети припадниците на Армијата на Република Македонија во армискиот склад „Еребино“.
Претседателот Иванов на припадниците на АРМ кои извршуваат должност за време на новогодишните празници им ја честита Новата 2017 година и им се заблагодари придонесот што овозможуваат празниците, како што рече, да ги минуваме во мир и благосостојба.
- Честитајќи им ја Новата година им посакувам да продолжат професионално да ги обавуваат сите свои обврски како што тоа го правеа досега. Ја користам оваа можност и да им ја честитам Новата година на припадниците на Армијата на Република Македонија кои се во мировните мисии во странство. Тие се наша гордост и горди сме се што прават и ја промовираат Македонија, рече Иванов.
Тој се заблагодари на Армијата за се што направила досега, како што е помошта што ја дава на полицијата за обезбедување на границата во справувањето со илегалната миграција, но и за помошта што ја даде во елементарните непогоди што се случија минатата година во скопскиот регион.
- Од името на граѓаните сакам да им се заблагодарам и да им укажам чест и внимание, додаде Иванов, притоа уште еднаш честитајќи им ја Новата година на сите граѓани на РМ, со порака за сплотеност, како во празничните денови, така и во текот на целата година.
Одговарајќи на новинарско прашање во врска со процесот за создавање нова влада претседателот Иванов рече дека треба да се почитуваат роковите според Уставот.
- Јас како претседател сум обврзан според Уставот, по конституирањето на Собранието во рок од десет дена да го дадам мандатот, потоа следи мандатарот кој има дваесет дена да ја состави владата која треба да добие мнозинство во Парламентот, истакна Иванов.
Ново на Сител
-

Врховниот суд ја укина апелациската пресуда со повисоки казни за случајот „Ласкарци“
-

Укинати пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот вратен на повторно судење
-

Еден месец нема трага од Љупчо Стојановски – семејството со апел за помош
-

Помошник директор во Царина фатен при примање обележани 17.500 евра
-

Голем успех за 11-годишниот пијанист Андреј Цековски – освои злато и прво место во Њујорк
-

Мицкоски: Денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години
-

Мицкоски: Компанијата ВИК ја проширува инвестицијата во Прилеп, предвидени нови 300 вработувања
-

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени 1 248 станови
