Претседателката Сиљановска Давкова ја прими гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Анита Ангеловска-Бежоска, гувернерка на Народната банка на Република Северна Македонија.
На средбата, прва по нејзиното стапување на функцијата, претседателката Сиљановска Давкова беше информирана за тековната работа на Народната банка и остварувањето на предвидените цели, насочени кон постигнување и одржување на ценовната стабилност и кон одржување на стабилен, конкурентен и пазарно ориентиран финансиски систем.
На средбата гувернерката Ангеловска-Бежоска ги претстави и стратегиските цели насочени кон унапредување на спроведување на монетарната политика, стабилноста на банкарскиот систем, непреченото функционирање на платните системи, управувањето со девизните резерви, а во функција на обезбедување на услови за ефикасни, иновативни и сигурни финансиски услуги.
Претседателката Сиљановска Давкова ги поздрави напорите на Народната банка за зачување на макроекономската стабилност на државата, во услови на геополитички и геоекономски ризици.
Гувернерката Ангеловска-Бежоска упати честитки до претседателката Сиљановска Давкова по повод стапувањето на функцијата и ѝ посака успех во работата.
Ново на Сител
-
Ново судење за убиствата на Вања и Панче
-
СДСМ и денеска бара разрешување на Христовски од директор во АНБ
-
Владата останува на ставот дека АНБ и Агенцијата за разузнавање треба да бидат споени во една институција
-
Мицкоски не очекува турбуленции со цената на струјата по Нова Година
-
Кардиолошки има недостиг од ангиограф
-
Преглед на вестите од светот
-
Извештајот на Светска банка го нарушува имиџот на земјава
-
Тема на денот со премиерот Христијан Мицкоски