Балкан
26. August 2015 - 15:54

Претседателката на грчкиот Парламент ќе формира своја партија

Претседателката на грчкиот Парламент и член на Сириза Зои Константопулу планира да формира своја партија пред предвремените избори кои треба да се одржат следниот месец.

Грчките медиуми, повикувајќи се на блиски соработници на Константопулу, пишуваат дека таа планира да соработува со Популарно Единство, партијата што се отцепи од Сириза и ја основа поранешниот министер за енергетика Панајотис Лафазанис.

Според истите извори, Константопулу е во преговори со левичарскиот ветеран Манолис Глезос, поранешен европратеник на Сириза.