Претседател на здружение на пензионери заработи кривична пријава
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против претседателот на здружението на пензионери од Куманово и го сомничи дека ја злоупотребил службената положба и овластување, соопшти денеска СВР Куманово.
Според пријавата, претседателот на кумановските пензионери, секретарот и потпретседателот го оштетиле буџетот на здружението со илјада евра, преку донесена одлука, спротивна од статутот на здружението.
- СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Ј.(69) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик, наведува кумановската полиција.
Според полицијата, тој донел одлука спротивна од статутот на здружението и за себе, секретарот и потпретседателот на здружението, го оштетил здружението за 60.000 денари.
- Пријавениот, како претседател на Здружение на пензионери Куманово, на 20.-ти декември, лани донел одлука за усогласување на висината на надоместок на функционерите на здружението, со што постапил спротивно на Статутот на здружението и Одлуката на Собранието на здружението од 19.02.2016. На тој начин за себе, секретарот и потпретседателот на здружението во 2022 година исплатил сума во вкупен износ од 60.000 денари и за таа сума го оштетил буџетот на Здружение на пензионери Куманово, соопшти полицијата.
Ново на Сител
-
Грција на 20 ноември ќе биде блокирана од штрајкот на вработените во приватниот и јавниот сектор
-
НБO: Зелениот картон е во функција, непрактична е идејата за укинување на зелената карта само за државите од ЦЕФТА
-
Поевтинува мазутот, цените на бензините и на дизелот не се менуваат
-
Наместо да го стави во употреба директорот го украл ехо апаратот од болницата во Кичево
-
ЕУ сè уште не одлучила дали постепено ќе го воведе новиот систем за контрола на надворешните граници
-
Новогодишна наградна игра: Веро доделува половина милион денари за најсреќниот потрошувач
-
Нормализиран сообраќајот на железничката линија Скопје-Велес откако локомотива од товарен воз се излизга од шините
-
Николовски од Будимпешта: Со силна поддршка од ЕУ, ја подобруваме поврзаноста со регионот и Унијата