Претреси во дојранско, пронајдени околу два килограми марихуана и пушки | ФОТО

СВР Струмица - ОВР Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против Г.Ј.(51) од село Црничани, општина Дојран, поради сомнение дека сторил кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или експлозивни материи“ по член 396 од Кривичниот законик.

На 13.12.2024, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Гевгелија во координација со полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Дојран, врз основа на судска наредба, биле извршени претреси на две локации, во домот на пријавениот во село Црничани и на место викано „Гатар“, атар на село Црничани. При претресите биле пронајдени и одземени 24 тегли со марихуана, четири хартиени омоти со марихуана, две стебла од растението канабис, предмети со остатоци од марихуана, две ловечки и една малокалибарска пушка.
Лицето било лишено од слобода и задржано во Полициската станица Гевгелија, по што бил изведен пред судија на претходна постапка од Основен суд Гевгелија, кој му определил мерка притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-

Мелиса Прошева ги демантира изјавите на адвокатот Зафировски, тврди дека се обид за спас на обвинетиот
-

Спречена трагедија: Спасени три момчиња кои ги однела реката Треска
-

СП 2026: Можно е одложување на финалето на Мундијалот
-

Втора македонска ракометарка во дресот на Црвена Звезда
-

Одземени шест возила и недвижен имот од Александар Лазаров од Кочани, поради сомнение дека се нелегално стекнати
-

Пожар во парк шумата „Гази Баба“
-

Апелација ги потврди доживотните казни за убиството на Вања и Панче и ја укина ослободителната за Александар Ѓорчевски
-

Стевче Јакимовски доброволно замина во затвор
