Македонија
19. March 2024 - 11:34

Претрес во Скопје, пронајдена дрога и украдени часовници - Приведени три лица

По преземени мерки и добиени сознанија дека подолг период врши продажба на дрога на зависници во Скопје, на 18.03.2024, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога - Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи при Оддел за криминалистичка полиција, во координација Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје и Специјалната антитерористичка единица Тигар, со судска наредба, извршиле претрес во домот и други простории на Г.П.(45) од Скопје.

При претресот биле пронајдени и одземени хероин, дигитална вага, повеќе предмети со остатоци од хероин и повеќе други вредни предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела. Исто така, при претресот во домот на Г.П. бил затекнат и Д.Ж.(46) од Скопје.

Двајцата биле лишени од слобода. Претходно, од слобода бил лишен и З.Д.(50) од Скопје, кој во текот на денот бил во домот на Г.П. и користел хероин. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе бидат поднесени соодветни пријави.