Македонија
9. January 2019 - 10:26

Претрес во домот на гостиварски крадец, еве што пронајде полицијата пред да го уапси

Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово- Полициска станица Гостивар, вчера од 15 до 16 часот, извршиле претрес во објект на улица „Јордан Јордановски“ во Гостивар, во кој времено престојувал 30-годишниот Б.С. од Гостивар.

При претресот, реализиран со судска наредба, во објектот се пронајдени предмети кои потекнуваат од повеќе тешки кражби: уметнички слики, разновиден алат и други предмети.

Б.С. е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар, поради сомнение дека е сторител на дваесетина тешки кражби.