Претпладне сончево, попладне облачно и нестабилно

Времето претпладне ќе биде сончево со мала облачност, а од пладневните часови претежно во планинските региони со зголемена облачност и со нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер најизразен на југот од земјата.
Минималните температури ќе бидат во интервал од 14 до 21, а дневните од 30 до 38 степени целзиусови. УВ индексот ќе достигне до 8.
Во Скопје претпладне ќе биде претежно сончево, преку денот топло, но со умерен до повремено засилен јужен ветер. Попладне ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната темпратура ќе биде19, а максималната 35 степени.
Во наредниот период времето ќе се задржи топло, во претпладневните делови од денот ќе биде претежно сончево, а во попладневните часови ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд, локално само понекаде проследен со грмежи. Малку посвежо ќе биде во понеделник.
Ново на Сител
-

Хет-трик на Стефан Ристиќ за голема победа на македонската репрезентација до 17 години над Унгарија
-

Андовски: Алта банка АД Битола ги исполнувала сите супервизорски стандарди пред воведувањето администрација
-

Сиљановска-Давкова на COP31: Климатската амбиција мора да се претвори во конкретно дејствување
-

Културата како мост за поврзување со Јапонија
-

Мицкоски: Ваква енергетска криза немало досега, но поскапувања на струјата кај нас ќе нема
-

Казино во Кичево фатено како краде струја – со уред од црниот пазар манипулирале броила и направиле штета од 44.000 евра
-

Насилничките од Ѓорче Петров кои тераа 13-годишно девојче да јаде кучешки измет упатени во поправен дом
-

Јован од Струмица освои прво место на меѓународен шаховски турнир во Србија, победи двајца интермајстори и двајца фидемајстори
