Македонија
15. April 2016 - 8:20

Претежно сончево денеска, попладне ветровито

Времето  во Македонија претпладне ќе биде претежно сончево. Во западните делови ќе има мала до умерена облачност, но претежно висока. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северозападен правец, кој попладне ќе го промени правецот во југоисточен.

Утринската температура ќе се движи од пет до 12, а дневната од 16 до 26 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец, но кон крајот на денот ќе го промени правецот во југоисточен. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе достигне до 23 степени.

Следува период на стабилно, суво и доста топло време за овој период од годината.

В недела и во првите два дена од наредната седмица ќе преовладува доста топло време, на повеќе места температурата ќе се искачи и над 30 степени.