Претежно облачно и врнежливо - Од утре многу студено и ветровито
Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно, претпладне со локален слаб дожд и со појава на магла по котлините и речни долини. Кон крајот на денот и во вечерните часови повторно ќе има врнежи од дожд.
Утринската температура ќе се движи од еден до седум, а дневната од осум до 15 степени.
Во Скопје слично време, претежно облачно и врнежливо. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до девет степени.
Од утре под влијание на влажна и студена воздушна маса од север ќе има врнежи од дожд проследени со засилен северен ветер кој ќе предизвика значителен пад на температурата. Попладне врнежите на планините и на повисоките места ќе преминуваат во снег.
Од вторник ќе биде многу студено и ветровито со провејување на снег и во пониските делови.
Ново на Сител
-
30 дена кризна состојба во Македонија
-
Трет ден пожари во Скопско
-
Тема на денот со Владимир Симоновски
-
Симовски е разочаран од Уставен, пописот бил според препораки на „Евростат“
-
Претседателката ќе го чека новиот закон за да предложи нов член на Судскиот совет
-
Трет ден пожари во скопско
-
Пожар во парк-шума Гази Баба
-
Пожарот кај село Николиќ се уште активен, тешко пристапниот терен ја отежнува интервенцијата