Македонија
31. July 2020 - 17:47

Претепано момче во скопско Трубарево

Момче се здобило со тешки телесни повреди откако било нападнато и удрено со дрвен предмет пред скопски ресторан.

-Изминатата ноќ во 00:30 часот во СВР Скопје, С.С.(50) од Скопје пријавил дека додека бил во угостителскиот објект во село Трубарево, неговиот син Ф.Н. пред објектот имал вербална расправија со непознато лице, по што дошло до нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, во која се вклучиле уште две непознати лица, од кои едното со дрвен предмет  му нанело тешка телесна повреда на С.С., констатирана во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот - информира МВР.