Пресврт во случајот со сообраќајката во која згаснаа три млади животи
Енис Кајовиќ од Нови Пазар со својот Голф не ја предизвикал страшната сообраќајка во која загинаа три млади момчиња, туку виновник за големата загуба и трагедија е 21-годишниот Алмир Хајровиќ кој бил зад воланот на Мерцедесот.
Иако се мислеше дека голфот кој го претекнувал Мерцедесот го направил хаосот, сепак истрагата покажува дека се случило обратно од тврдењето на младото момче. Мерцедесот всушност претекнувал и го подудрил голфот, загубил контрола и излетал од патот. Автомобилот падна од 30 метри висина.
Инаку, 17-годишниот Елемдин Тутиќ, 20-годишниот Фарис Шемсовиќ и една година постариот Мерван Џанковиќ се жртвите на сообраќајката. Нивните другари кои биле во автомобилот со нив, 21-годишниот Алмир Хајровиќ и 23-годишниот Ален Шмајовќ, се во животна опасност и лекарите и натаму даваат се од себе за да ги спасат.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Наместо гаснење на пожари и краткорочни мерки, онколошките пациенти бараат долгорочен канцер план
-
„Живи ќе изгоревме“, вели патничка од автобусот на ЈСП кој се запали во Сопиште
-
Македонската полиција се засили со нови 497 припадници
-
Земјоделците бараат поедноставни процедури за добивање средства од државните програми
-
Туристичкиот сектор кубури со кадар
-
Одбележан роденденот на Тоше
-
Преглед на вестите од светот