Пресврт во случајот со „Малечката невеста“

Младата индиска актерка која ние ја паметиме по улогата на „Малечката Невеста”, Пратјуша Банарџи, беше пронајдена обесена во својот дом. Сепак, нејзините најблиски се сомневаат дека таа би си го одзела животот, па сомнежот паѓа на нејзиниот вереник со кој во последно време имала пробелми.
За разлика од серијата каде беше прикажана борбата против малолетничките бракови во Индија, во приватниот живот, Пратјуша беше во среќна врска со својот колега, актерот Раул Раж Синг, но неодамна парот ја прекина неколкугодишната врска. Новинарите сметаа дека парот ќе направи тајна венчавка и дека раскинувањето е само фарса за јавноста.
Пратјуша беше позната и по тврдоглавоста, па затоа и продуцентите ја исфрлија од снимањето и ја заменија со друга актерка. Слично помина и минатото лето кога ја исфрлија од сетот и од друга серија. По тоа, не можеше да добие ни една улога.
Ако ништо друго, барем делуваше дека е во среќна врска со колегата, и пред неколку месеци изјави дека би сакала животот да го помине со него.
Со оглед на тоа дека во последно време имале кавги, семејството го обвинува токму момчето за настанот. Велат дека изгледа мило но е опасен тип.
Ново на Сител
-

Се проширува истрагата за ботоксите - уапсени двајца доктори
-

Уапсени двајца членови на Беланоца
-

Министерот за здравство во заминување очекува Законот за заштита од пушење цигари да се изгласа до август
-

Тема на денот со Методиј Хаџи Јанев, професор
-

Македонија е пред дел од Европа според БДП по жител, покажува анализа на „Ворлд Атлас“
-

Органодонорството шанса за нов живот
-

Драма на летот над Македонија
-

Ќе има ли нови изборни правила до 15 јули? Власта со нов повик до опозицијата
