-->
-->
Пресуда: Шест обвинети во „Ќелија“ осудени од 5,5 до 7 години затвор
-->
Шест од 11. обвинети во случајот „Ќелија“ признаа пред судот дека учествувале на воените боишта во Сирија и добија помала казна. Од нив пет се осудени на затворска казана од пет и пол години, а највисока казна од седум години затвор му е изречена на првообвинетиот, оџата Р. М. од Чаир.
По спогодбата со Основнотојавно обвинителство оџата е осуден за учество и организирање паравојска и регрутирање војници за борба во Сирија. Останатите пет лица биле дел од групата која учествувале во логистика и организирање на војниците за борба во Сирија.
Судот треба да продолжи да одлучува за уште пет обвинети кои не признаваат вина во случајот. За нив во одвоен процес ќе се расправа за обвинението и приговорите на адвокатите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парламентарни избори во Австралија
-
Тројца со насилство барале малолетник да влезе во казино, поведена постапка
-
Администрацијата на Трамп подготвува нови санкции против Русија
-
Притвор за осомничен кој подметнал пожар на два имотa на поранешната сопруга
-
Елмас изнуди пенал и го спаси Торино од пораз против Венеција
-
Во Белград комеморативни собири по повод две години од масовното убиство во ОУ „Владислав Рибникар“
-
Хјустон го победи Голден Стејт и израмни во плејофот во НБА
-
Јанта Волеј нов македонски одбојкарски шампион