Престрелка пред ресторанот „Фурна“, рането едно лице
Едно лице е застрелано во престрелка која вчеравечер околу 23 часот се случила во близина на ресторанот Фурна во центарот на Скопје, дознаваме од полициски извори.
Околу 22.05 час на ул М.Т.Гологанов ББ на паркингот од Фурна, лицето М.Ј (1976 ) од Прилеп , додека бил во своето ПМВ Порше Кајен-џип пред да го стартува возилото од страна на НН лице биле испукани два проектила од пиштол кон возилото кои пробиле во совозачкото десно стакло, при што му нанело видлива повреда огреботина на ногата на М.Ј .
Повредениот М.Ј со своето ПМВ се упатил на домашната адреса и заедно со сопругата после 40 минути од настанот се враќаат повторно на лице место и го пријавуваат случајот во полиција.На местото пронајдени се две чаури од НН калибар.Причините за сега се непознати.
Ново на Сител
-
Бојан Јовевски го извлече крстот од осветените води на Крива Река
-
Мицкоски: Да покажеме нескршлива волја во реформите и чекорите кои ќе обезбедат сигурност, стабилност и просперитет за граѓаните
-
Во Охрид Светиот крст го фати Мартин Гоџоски
-
Намалена видливост поради магла до 100 метри во Штип, Страцин, Битола и Прилеп
-
Минчев: Богојавление нè потсетува на значењето на верата, единството и љубовта меѓу луѓето
-
Истрага за недозволено држење оружје во Скопје, предложен притвор
-
Илон Маск и неговите „обиди за мешање“ во европската политика
-
Дејан Чиплаковски по трет пат го фаќа Чесниот Крст во Берово