Престанува забраната за движење низ шумите

Вечер на полноќ престанува да важи забраната за движење низ шумите и шумските појаси која беше воведена на 6-ти минатиот месец како превентивна мерка за заштита од пожари.
Од ЈП „Македонски шуми“ наведуваат дека засега нема потреба од продолжување на забраната, но посочуваат дека доколку се процени дека има потреба ќе биде дополнително воведена и јавноста ќе биде информирана.
Ограничувањето за движење во шумите важеше за периодот од седум часот наутро до 17 часот попладне. По 17 часот беше дозволено заради одмор и рекреација на сопствена одговорност за својата безбедност и обврската за ненанесување на штети на шумата (палење на отворен оган во шума и др). Ограничувањето не важеше за организирана тура туристи за туристичко разгледување на шумите со стопанска намена и националните паркови, која ќе биде во придружба на претсваник од ЈП „Македонски шуми“ или националните паркови.
Завршува и забраната за палење стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата, која беше исто така воведена на 6 јули.
Ново на Сител
-

Николоски: Решение за македонските превозници ќе има, проблемот е високо на агендата на Брисел
-

Јаневска: Со новиот Закон за високо образование ние го подобруваме квалитетот на образованието
-

Трамп изјави дека е „срамна“ одлуката на Врховниот суд да ги поништи царините
-

Паднато дрво кај Католичка – затворена улицата „Костурски Херои“
-

Поднесено обвинение за палењето на „Вјесник“
-

По дојава од ФБИ за закана за масовно убиство на Discord, уапсени две лица со арсенал оружје во Мала Речица
-

Кривична пријава против поранешна директорка на Клиничка болница Битола
-

Шест лица под истрага за запленетата марихуана во Србија
