Престанете да се грижите за ГМО, она што ви прави мачнини се плочките со житарки

Лос Анџелес Тајмс - Лос Анџелес
Кармата може да биде толку сурова. Помислете само колку пати активистите против Генетски модифицираните организами (ГМО) протестираа против замислените ризици од храната која е генетски модифицирани. Но сега, во омилената храна за истите тие демонстранти, светата „гранола бар“, беше откриено дека е оној вистинскиот ризик.
Кампањите за антигенетски инженеринг се меѓу оние активности кои ги спонзорираат организации како фондацијата Клиф бар фемили, која дава голем дел од профитот кој го остварува од продажбата на „здрави“ и „природни“ грицки за да ги оцрни производите од модерното земјоделие и нудат наводно врвни органски алтернативи. Како плочките „Клиф“.
Вистината е дека со плаќањето на „органска такса“ - или додаток на цената поврзана со органски производи - воопшто не ве прави поздрав. Повлекувањето на органска храна достигна седум проценти од сите прехранбени производи повлечени во 2015 година, иако органските храни сочинуваат само еден процент ос сето земјоделско проиводство.
На почетокот на јуни, неколку видови „клиф плочки“ беа повлечени од рафтовите затоа што содржеле органски сончогледови семки кои биле потенцијално заразени со бактерија наречена листерија. Затруеноста на храната со таа гадна бубалка секоја година убива стотици американци.
За среќа, проблемот бил откриен пред некој да се разболи од „Клиф бар“ или други зафатени органски грицки кои ги произведува Каши и Беар нејкед, и двата прозиведувачи се ограноци на Келогс. Овие производи содржат семиња доставени од СанОпта, која се претставува како „водечка глобална компанија која е фокусирана на органска, моногнетска (не-ГМО) и специјална храна“.
Сличен кармички осветнички удар минатата година претрпе и Чипотл мексикен грил. Ланецот ресторани за брза храна освои голем дел од пазарот со оцрнување на конвенционалното земјоделие и храбро го предвоеда нивниот пат кон „не-ГМО“ состојки.
Но се покажа дека компанијата повеќе се насочила кон маркетингот отколку кон подготовката на здравата храна, и речиси 60 нивни клиенти во 20 американски држави биле заразени од растителен вирус или бактериите е.коли и салмонела. Дваесетмина од нив биле хоспитализирани.
Врвната безбедност и користа за животната средина од храната поризведена од генетски модифицирани растенија веќе со децении се докажува. Многу житарки создадени со генетски инженеринг се отпорни на инсекти и зарази од опасни фунгални отрови, како што се микотоксините. И за разлика од новите житарки кои се модифицирани со помалку прецизни, помалку предвидливи техники, кои се дозволени во органското земјоделие, сите генетски создадени житарки се интензивно тестирани и се предмет на владините регулативи.
Праксата за органско земјоделите отфрла многу модерни техники на предностите од одгледувањето како да постои некој вид златно доба во земјоделието кога примитивните техники даваат подобри резултати. Тоа мислење е чиста безмислица.
Извештај од 2012 година коиј го направија истражувачи од Центарот за здрави политики при Универзитетот Стенфорд, анализирале податоци за 237 стодии за да откријат дали органската храна е побезбедна или поздрава од неорганската храна. Тие заклучиле дека овошјето и зеленчукот кои се совпаѓаат со критериумите за „органско“ биле просечно не повеќе хранливи отколку нивните далеку поевтини конвенционални конкуренти, ниту пак дека таквата храна има помалку веројатност да биде заразена од бактериите е.коли или салмонела.
Некои од потенцијалните проблеми со органските продукти изгледа се предмет на општото мислење. Зошто побогу некои би мислел дека користењето на арско (шталско) ѓубриво како ѓубриво - во суштина, расфрлањето фекалии по растенијата - создава поздрава храна за на маса? (Добро, дозволено е. Но ФДА бара извесни интервали помеѓу нанесувањето на арско ѓубриво и жнеењето).
И широко распространетото мислење - кое го промовира органската индустрија - дека одгледувачите на органска храна не користат пестициди, не е точно. Иако модерните пестициди се забранети, според податоци од ФДА, има голема измама во врска со ова. Покрај тоа, повеќето од примитивните пестициди кои им се дозволени на органските земјоделци претставуваат потенцијална закана.
Биологот еволуционист Кристи Вилкокс, во текст во 2012 година објавен во Сајнтифик Америкен вака објасни: „Органските пстициди претставуваат исти ризици по здравјето како и оние неорганските“. На пример, маслото од ним (Индиски јоргован, Azadirachta indica) убиец на бубачки, се смета за „природно“ заради супстанцата која се наоѓа во семето од ова дрво, но „природно“ не значи и безбедно. Познато е дека оваа состојка предизвикува напади на епилепсија и кома кај луѓето ако се конзумира во големи дози, а сепак ги убива бумбарите со многу мала концентрација.
Модерните науки создале далеку подобри пестициди отколку маслото од ним кои се побезбедни, поусмерени и далеку поефикасни во прилично помали количини. Третманите на семиња со модерни пестициди, на пример, значи дека житарките понекогаш може да се одгледуваат со мала, ако воопшто и толку, потреба за прскање на растенијата.
И покрај огромната количина на научни докази во корист на безбедноста во модерното земјоделие, „Клиф бар“ не се откажува. На веб страната на компанијата ја има следнава пропаганда за антигенетски инженерин: „ГМО се едноставно последниот бенд-ејд (ппомош) за нефункционалниот систем - погрешна алатка во конвценционалниот систем за земјоделие кој е зависен од хемија“.
Прехранбената органска индустрија тешка повеќе милијарди поставува огромни ресусри во промовирањето на митот за земјоделските методи од 19-от век кои создавале поздрава и подобра храна за животната средина затоа што треба да ги убеди конзументите да потрошат во просек 50 проценти или повеќе за своите производи. Подобро да не водат фактите наместо стравот кој го протнуваат активистите за храна од свои лични интереси.
Ново на Сител
-

Ковачки: Го поседувам највисокиот национален безбедносен сертификат државна тајна, како и највисокиот НАТО сертификат
-

Украински беспилотни летала погодија хемиска фабрика во рускиот Тверски регион
-

Орбан: Украина е непријател на Унгарија, бараше да не добиваме руски енергетски резерви
-

Поранешниот израелски премиер Ехуд Барак повеќепати престојувал стан на Епстин во Њујорк
-

Браун: Кризата со лидерството на Стармер е „сериозна“
-

Жител на кавадаречко Возарци возел без возачка, полицијата му го одзела автомобилот
-

Три лица завршија во притвор: Кроеле план за одмазда на нивните браќа кои биле осудени за тероризам
-

Кумановци одбележуваат 82 години од загинувањето на народниот херој Христијан Тодоровски-Карпош
