Преспанските земјоделци задоволни од родот на јаболката, очекуваат 130.000 тони

Преспанските земјоделци се задоволни од годинашниот род и квалитетот на јаболката. Во цел регион очекуваат род од околу 130.000 тони.
Според Науме Таскоски член на Управниот одбор на Здружението на овоштари во Ресен „Благој Колтароски“, имало мал пад на цената, што предизвикува незадоволство кај овоштарите.
- На почетокот цената беше задоволителна. Откупот почна со 23 денари за црвен и златен делишес и за другите сорти, а ајдаретот се откупуваше за 15 денари. Последниве денови цената падна на 18 и 16 денари за црвен и златен делишес, а ајдаретот се откупува за околу 12 денари. Сметам дека таа цена не е соодветна бидејќи не ги покрива основните трошоци што ги вложуваат земјоделците во својата работа, вели Таскоски.
Намалената цена, смета дека се должи на понудата и побарувачката на глобално ниво.
- На европско и светско ниво имаме поголема продукција на јаболка, но тоа не е единствена причина. Причина во падот на цените е во малиот број фирми заинтересирани за откуп на преспанското јаболко што доаѓаат однадвор, истакна Таскоски.
Тој очекува стабилизирање на пазарот со активирањето на откупно дистрибутивниот центар Ејпл ленд каде на едно место ќе бидат складирани околу 5.000 тони јаболка.
Речиси половина од годинашниот род на преспанското јаболко е собран и доколку послужат временските услови до крајот на месецов или почетокот на идниот овоштарите очекуваат бербата целосно да зварши.сс/скс/10:18
Ново на Сител
-

ЛДП: Семејни центри за насилство во сите општини за намалување на малолетничката деликвенција
-

Нема најави за питка вода во Гостивар, Тошковски апелира да се испушта водата од чешмите
-

Тема на денот со Амар Мециновиќ, пратеник на Левица
-

Гостивар чека безбедна вода за пиење
-

Повторно се разгоре пожарот кај Кавадарци
-

Нов сомнителен случај западнонилска треска на Инфективна - на клиниката се хоспитализирани 17 пациенти
-

Од полноќ поскапува дизелот, а бензините поевтинуваат
-

ЕВРОСТАТ: Вредноста на парите во Македонија највисока од регионот
