„Преспа бизнис-форум 2016“ во Отешево
Во организација на општина Ресен со поддршка од Постојаната работна група за рурален развој во земјите на Западен Балкан – SWG преку програмата „Луѓе за Луѓе“ денеска и утре во Отешево ќе се одржи „Преспа бизнис форум 2016.
На настанот ќе присуствуваат градоначалниците на Ресен, Корча и Пустец, Ѓоко Стрезовски, Сотираќ Фило и Едмонд Темелко, амбасадорот на Република Македонија во Република Албанија Стојан Карајанов, како и преставници од бизнис секторите од трите општини
Бизнис форумот е продолжување на активностите почнати со потпишувањето на меморандумот за економска соработка меѓу општините Ресен, Корча и Пустец минатата година, а присутните ќе разговараат за можностите и начините за соработка меѓу бизнис заедниците во прекуграничниот регион Преспа.
Посебено внимание се очекува да привлече можноста за соработка и воспоставување одржливи иницијативи за заеднички економски прогрес во земјоделството, туризмот и прехранбената индустрија, економски сфери кои се застапени во трите општини.
Делегациите од Албанија ќе посетат и неколку фабрики во Преспа со цел директно се запознаат со можностите на ресенската индустрија.
Ново на Сител
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228
-
Папата им го честиташе Велигден на православните христијани
-
Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани