Македонија
14. March 2021 - 16:09

Пресметка во угостителски објект: Жена си го нападнала својот сопруг

Маж бил нападнат од страна на неговата сопруга во угостителски објект.

- На 13.03.2021 во 16,10 часот С.А. пријавил дека истиот ден околу 15,00 часот во угостителски објект во Гостивар бил физички нападнат со тврди предмети од неговата сопруга С.С.(59) од Гостивар, соопшти МВР.

Таа била приведена и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.